Азманов: Газдата на 1ТВ, Боки 13, ми бараше 50,000 евра за да не објави информации

Жестоки обвинувања во врска со најавената ТВ-емисија „Инсајдер“ што ќе се емитува на 1 ТВ, во која се споменува името на Зоран Азманов, претседател на надзорниот одбор на „Настел“ ДООЕЛ.

Бизнисменот Азманов вели дека против сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, поднел кривична пријава за изнуда и за изнесување невистини.

Азманов на средбата со новинари објаснил дека во петокот, во 13 часот и 51 минута, Бојан Јовановски во телефонски разговор му побарал 50 000 евра или стан за да „немал никакви проблеми“.

Азманов го пријавил случајот во полиција.

Предходно ЗНМ ги осуди заканите за убиство кон новинари од страна на Азманов.

SHARE

Оставете коментар