Азманов: Висок функционер на СДСМ инволвиран во објава на приватни слики добиени од СЈО

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за порталот infomax.mk со жестоки обвинувања до висок претставник на владеачкиот Социјалдемократски Сојуз.

Од порталот тврдат дека во видеото кое е снимено попладнево со име и презиме посочува на познат функционер на СДСМ кој се споменува во случај на објава на приватни фотографии на еден македонски портал.

Приватните фотографии кои се појавиле во јавноста биле на неговиот приватен телефон кој бил одземен од истражители на една правосудна институција која за потреби на истрага му го одзела телефонот.

Инфомакс најавува дека во текот на денот ќе го објави видеото во кое експлицитно се споменува името на функционерот на СДСМ.

SHARE