Претседателот на Одборот за Косово во српскиот парламент, Милован Дрецун, за српски „Курир“ изјавил дека пред 2 месеца во Скопје бил формиран моќен разузнавачки тим „маскиран“ во претставништв ото на еден голем западен производител на автомобили. Целта на тој тим бил да се блокира постигнување компромисно решение меѓу Белград и Приштина, пренесува Б92.
Според него, тимот се состоел од разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија.
Дрецун исто така рекол дека во нокои соседни земји (на Србија-н.з) се водела силна кампања против постигнувањето на било каков компромис меѓу Белград и Приштина и дека „Северна Македонија станува центар за моќно разузнавачко делување против инетаристите на здржавата Србија“.
„Секое постигнување компромисно решение е камен-темелник на стабилизацијата на овој регион, аотсуството на компромис помеѓу Белград и Приштина е подготовка за нови конфликти во регионот и создавање ‘голема Албанија’“, вели Дрецун.
Тој вели дека македонските власти мора да одговори која е целта на формирање на разузнувачки тим, кој има за цел да им наштети целосно Србија, пренесува Б92.