Баерн ја понижи Барселона – осум „парчиња“ во мрежата на Каталонците! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен испишаа историја во четвртфиналето на Лигата на шампионите, декласирајќи ја Барселона во Лисабон дури со 8:2!

По два гола за Баварците постигнаа Томас Милер (4. и 31. минута) и зајмениот играч токму од Барса, Филип Кутињо (85. и 89. минута). По еднаш беа прецизни Иван Перишиќ во 22. минута, Серж Гнабри во 28. минута, Џошуа Химик во 63. минута и Роберт Левандовски во 82. минута.

Автоголот на Давид Алаба во 7. минута и Луис Суарез во 57. минута беа двата единствени светли мига во играта на Каталонците.

Баерн во полуфиналето ќе игра со подобриот меѓу Манчестер Сити и Лион, а во првото полуфинале ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Лајпциг.

SHARE