Бајден одбра страна во дијалогот Белград-Приштина

Кандидатот за претседател на САД eо Бајден рече дека ќе го смени, како што рече, „неизбалансираниот пристап“ на администрацијата на Трамп кон Србија и Косово.
Тоа ќе се случи со враќање на, според него, „правдата и еднаквоста во односите“.

Во документот „Визија за односите со Албанија и Косово“, Бајден зборува за неговите планови за идните односи на Балканот и наведува дека како сенатор ги бранел интересите на Косово кога фокусот на светот бил на друго место и ја поддржувал нејзината независност, што според него е неповратен процес. Приштински портал Репортери.

Бајден вети дека ќе работи во партнерство со Европската унија за заживување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со цел стабилизирање, правично решение и сеопфатен договор што, како што рече, „го почитува територијалниот интегритет на Косово и постигнува целосно заемно признавање“.

Тој исто така најави дека ќе инсистира правдата за воените злосторства да се спроведува без страв и да бара целосна и брза одговорност за исчезнатите, пренесува Репортери.

Исто така, Бајден ќе ја „охрабри“ ЕУ да го исполни ветувањето дека граѓаните на Косово да им одобри визна либерализација и да преземе понатамошни чекори за подобрување на интеграцијата на Косово во ЕУ…