„Македонската влада и опозиција го користат бурниот период околу претстојниот референдум за името, за повторно да се воведе рекламирање финансирано од државата, кое беше прекинато пред неколку години и да се воведат контроли за онлајн медиумите – потези за кои набљудувачките групи и новинарите велат дека ќе ја намалат слободата на медиумите и повторно ќе го нарушат медиумскиот пазар“ пишува Балкан Инсајт според кој меѓународни и домашни набљудувачки групи ги обвинија за туркање законски измени, што дополнително ќе ја намалат слободата на медиумите и ќе го нарушат медиумскиот пазар во Македонија.

„На 25 јули парламентот ги усвои овие одредби, кои сега се дел од Изборниот законик, откако четирите главни политички партии во земјата се согласија за тоа како дел од нивните разговори за претстојниот референдум за историскиот договор за името со Грција.

‘Амандманите овозможуваат мешање на властите во слободата на мислење и примање и пренесување на информации и идеи за време на изборните кампањи и во нивната уредничка независност“ констатира Европската федерација на новинари (ЕФН) во изјава во понеделникот.

На 9 август платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството, исто така, го предупреди македонскиот парламент за одредбите“ се вели во написот на „Балкан Инсајт“.