Балканските „џанаци“ ја поздравија последната идеја на Заев

Најавата на премиерот Заев за легализација на марихуаната е широко прифатена од луѓето на Балканот кои редовно или повремено ја користат оваа лесна дрога.

Од Словенија до Бугарија преку Србија идејата на Заев е прифатена од луѓето кои се популарни наречени “Џанаци” (од зборот Џанкер, Џанак) кои планираат на пат до финалната туристичка дестинација Грција во Македонија да минат неколку дена со цел да уживаат во легално достапна дрога.

Домашните активисти кои со години се борат за легализација се противат на идејата на Заев затоа што таа дава монопол на бизнисот контролиран од луѓе блиски на власта.

Еден од најпластичните шеговити примери со реакција за поддршка на планот за легализација на марихуаната го дава Бане Раичевиќ сценаристот на српското политичко телевизиско шоу “Вечер со Иван Ивановиќ”.

SHARE