Граѓани на социјалните мрежи споделуваат снимки од огроимни редови, турканици, па и кавги пред банките, експозитурите, маркетите, поштите, наплатните пунктови кои денеска како да се под опсада.

Се чини, во пресрет на утрешното стапување во сила на полицискиот час кој ќе почнува од 16 часот за сите граѓани, а само по два часа за лицата над 67 и малолетните, могумина го користат денот да „завршат некоја работа“.

Притоа не се води сметка за превентивната заштита, а од таканаречената социјална дистанца, нема ни „с“ иако многумина се „маскирани“…

Повеќе

SHARE