Британскиот уметник Банкси даде своја поддршка на на движењето „Black Lives Matter“ со слика која ја објави на Инстаграм во саботата.

На сликата се гледа црна силуета и запалена свеќа под американско знаме зафатено со пламен, а Банкси, познат уметник чиј идентитет сè уште не е познат, пишува во постот дека системот пропаднал и дека белците треба да го поправат.

“Беа предадени од системот. Од белиот систем. Како пукната цевка што ги поплавува становите на луѓето што живеат на долните катови. Тој пукнат систем ги уништува нивните животи, но не е до нив да го поправат. Тие не можат, никој не дозволува да се влезе во становите погоре”, пишва Банкси.

SHARE