Бараат Пендаровски да им се извини

Поранешни вработени во СЈО денеска побараа извинување од претседателот Стево Пендаровски зе дел од неговото обраќање вчера по повод чествувањето на „Илинден“ од Пелинце.

„Нашите граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал…“ рече шефот на државата во дел од своето излагање.

Во соопштението од поранешните вработени во СЈО се вели дека „Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран“ .

И додаваат:

„Бидејќи никој, а особено не Претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме Претседателот јавно да се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок“ се додава во соопштението.

SHARE