Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред откако во понеделникот Врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор, поради нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Според локални медиуми, на вчерашните протести е забележано најголемо насилство во изминатите години, а протестите излегоа од контрола кога радикални сепаратисти почнале да палат автомобили и столици во кафулињата во монденската улица Рамбла де Каталунија во срцето на градот.

SHARE