БДП на Истанбул поголем од тој на Западен Балкан плус Хрватска и Бугарија заедно!

Сонер Чагаптај, директор на Турската истражувачка програма на Институтот за блискоисточна политика од Вашингтон, изнесе на Твитер податок според кој бруто домашниот производ на Истанбул е поголем од тој на Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора заедно.

Најголемиот град во Турција има БДП од 256 милијарди долари, а осумте балкански држави 253 милијарди заедно.

Според Светската банка, БДП на Турција минатата година изнесуваше 740 милијарди долари, а, за илустрација, на Македонија 13,2 милијарди.

Истанбул има 15,5 милиони жители, а наведените осум земји 28,6 милиони заедно.

SHARE