Бебе со компликации од коронавирус итно префрлено во Швајцарија

Десетмесечно бебе кое во неделата било донесено на Клиниката за детски болести во тешка и многу комплицирана здравствена состојба под итно било префрлено во Швајцарија, дознава Нова ТВ.

Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а испитувањата покажале дека има и тумор на мозокот.

Бебето и неговата баба, која го чувала додека неговите родители се на работа во Швајцарија, биле позитивни на Ковид-19.

По ова започнала борбата бебето да се одржи во живот и да биде префрлено во Швајцарија, во Клиничкиот центар во Цирих, поради што специјално бил отворен скопскиот аеродром, информира Нова ТВ.

SHARE