Бегалски камп во околината на Кукуш под карантин

Со заедничка одлука на Министерствата за цивилна заштита, за здравство и за миграциска политика на Грција, бегалскиот камп во близина на грчкиот град Килкис, до 17 јуни е во карантин и е ограничено движењето на бегалците и мигрантите што се сместени таму, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително не се објаснети причините, меѓутоа според грчките медиуми, во изминатите денови бил регистриран позитивен случај на Ковид-19 кај бремена жена, која престојува во кампот.

SHARE