Беговиќ: И да сакам не можам да тргувам со лекарските гласови


Претседателот на Синдикатот на Клинички, Д-р Горан Беговиќ ја повлече изјавата дадена вчера дека доколку лекарите ги добијат ветените 100.000 денари плата, лекарите ќе ласале за СДСМ.

За ТВ Алфа тој рече дека и да сака не може да се пазари и да тргува со гласови.

Вчерашната изјава на Беговиќ предизвика реакции во јавноста.

Се огласи и министерот Филипче кој изјави дека било несоодветно ветувањето на владата од 100.000 денари да се политизира.

SHARE