Бегството на Красниќи било најавено на телевизија, Дескоска не чула ништо (ВИДЕО)

Во интервју за телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ со Горан Момироски индиректно е најавено бегството на озлогласениот криминалец Агим Красниќи од скопско Кондово кој лежи затвор за насилство и изборни инциденти.

Во интервјуто најавата за бегство на познат криминалец ја дава Драган Павловиќ Латас кој ја открива и дестинацијата каде ќе избега затвореникот.

Бегството на Красниќи на два месеци пред парламентарни избори отвара сомнеж дека Управата за спроведување на санкции која е под надлежност на министерката за правда Рената Десковска не презела соодветни мерки Красниќи да не може да го повтори делото за кое еднаш е веќе осуден.

SHARE