„…Канабисот за медицински цели е легализиран и одобрен во држава. Има пристојна палета на производи кои регуларно се продаваат во аптеките, а посебно за ,,наведената индикација”. Второ, маслото од канабис се продава во милилитри и не постои доза од ,,пола”.

Пола грам е доза за прашкасти материи (хероин, кока). Како доследен подржувач на Шарената Револуција, крајно сум разочаран од непринципиелниот обид да се избегне морална одговорност, а како специјалист интернист-кл.токсиколог кој 29 години работи со болести на зависност можам само иронично да се насмеам на бедното образложение.

Заедно викавме ,, нема правда, нема мир” ама тоа мора да важи за сите до еден“- пишува во коментар поранешниот директор на Токсикологија, Научен советник д-р. Нико Беќаровски, пренесува порталот „АКО“.

SHARE