Министерот за економија, Крешник Бектеши, чија сестра е вработена во МЕПСО, тврди дека немал влијание при нејзиното вработување, па затоа и нема право да побара од неа да се повлече или да не се повлече од работното место, пренесе „Слободен печат“.

Таа е полнолетна, мажена, има свој живот и треба сама да си одлучува за нејзиниот живот, рече министерот.

На новинарско прашање дека неговата сестра почнала да работи во државно претпријатие токму кога и тој станал министер, Бектеши со контра прашање зошто нивинарите работат во медиуми во кои работат, а зошто не во некои други.

Јавноста откри дека уште еден роднина на министерот Бектеши бил вработен во ЕЛЕМ, станува збор за сопругата на братот на сопругата на министерот, Нертила Усеини Каба.

SHARE