„Белфаст телеграф“ за именувањето на Македонија и на Северна Ирска

Весникот „Белфаст телеграф“ повлекува паралела меѓу проблемите со именувањето на Македонија и на Северна Ирска.

„Додека Северна Ирска е во агонија околу тоа со какви жртви би можела да се соочи со тешко излегување од ЕУ, Македонците се пазарат меѓу себе за цената што ќе треба да ја платат за влез во клубот.

Македонија се отцепи од разрушената Југославија во 1991 година. Оттогаш, младата земја моли да биде примена од суперсилата заради сите економски придобивки што може да ги добие. Но, во овие 27 години Грција го блокираше патот на својот сосед кон просперитетот, инсистирајќи на тоа дека Грците имаат еднакво барање за насловот ‘Македонија’ како име на северната провинција на таа земја, родно место на најпознатиот антички Грк Александар Велики.

На крајот од месецов Македонците ќе гласаат на референдум кој би можел да го тргне настрана грчкото вето и да ги отвори шумските порти на езерцето на ЕУ. Станува збор за едноставна промена на името, од Македонија во северна Македонија. Се разбира, имињата носат со себе со голем багаж и симболика, па нивното менување никогаш не е толку едноставно.

Оние што се спротивставуваат на промената велат дека во прашање е националната гордост. Другите велат дека мнозинството ќе ја проголта таа гордост и ќе гласа за да приклучување на големиот европски пазар. Но, страната ‘против’ ќе се бори со страст додека и последната гласачка кутија не биде запечатена.

Како што посочува анкетарот и аналитичар Сашо Клековски: ‘Не станува збор само за еден збор. Размислете за Северна Ирска и Ирска. Зборовите имаат значење’.

А што е со Северна Ирска, како што се пристигнува на крстопатот со патоказите, сите вандализирани?

Ако Северна Ирска се најдеше пред јасно и чисто отцепување од Република Ирска, можеа ли унионистите да побараат ребрендирање (преименување) за да се потпише договорот? Не е надвор од рамките на можноста.

Минатиов речиси еден век од поделбата е оптоварен со неуспешни обиди на унионистите да го финализираат горчливиот развод со промена на името.

Последните општи избори во 32 области се одржаа во 1921 година, една година пред Ирска Слободна Држава да ја прогласи својата независност, но и една година откако поделбата беше формализирана со Законот за Владата на Ирска од 1920 година.

Според овој акт, Шесте области станаа Северна Ирска, но додека поделбата остана ни ваму-ни таму, тоа беше само легализам, а популарното име за неа во Велика Британија беше Карсонија, по лидерот на унионистите Едвард Карсон.

Во предвечерието на изборите, на кои се очекуваше Шин Фејн сигурно да победи во 26 области, а републиканските ‘тешкаши’, како Мајкл Колинс, стоеја цврсто на северот, еден весник објави наслов ‘Сите очи вперени кон Карсонија’. Но, Законот од 1920 година велеше ‘Северна Ирска’, па таа и стана Северна Ирска, иритирајќи многу унионисти.

Во 1937 година Ирска Слободна Држава се преименува во Eire/Ирска, со намерна имплицитна аспирација на целиот остров. Ова предизвика нова кампања за преименување на ‘Северна Ирска’ во ‘Алстер’.

Јавниот обвинител тврдеше дека Северна Ирска е ‘незгодно име’, но вистинскиот приговор беше дека префиксот ‘северна’ е деминутив, знак минус, ознака за ентитет помал од целина.

Како што приврзаниците на ‘Канцеларијата’ би претпочитале, тие осум букви ја претставуваат разликата помеѓу ‘помошник регионален менаџер’ и ‘помошник на регионалниот менаџер’. Тоа беше – и останува во некои срца – длабоко чувствително.

Како и секогаш, ставајќи ги поголемите интереси на Велика Британија над оние на нејзините ирски домејни, Вестминстер ја саботираше промената на името од страв да не се вознемират другите членки на Комонвелтот.

Во 1982 година, со напнатост до небото во пресрет на штрајковите со глад на ИРА, Кабинетот на ирскиот премиер ја отфрли намерата на поштата на Републиката за печатење на ‘Ирска’ заедно со ‘Eire’ на поштенските марки, оценувајќи го тоа како ‘проблематично, бидејќи унионистите сметаат дека тоа се однесува на 32 области’.

Значи, во постбрегзит светот, унионистите од Северна Ирска се чувствуваат охрабрени да се обидат – и, најверојатно, повторно нема да успеат – или ако сето тоа оди ужасно погрешно за заминатите (од ЕУ – н.з.), би можеле ли тие да одлучат дека прифаќањето малку ирскост би претставувало попријателско лице од чудниот нов свет?

Одговор по разгледница, молам“, пишува во статијата насловена „Што е со името… Како Северна Ирска за малку не беше наречена ‘Карсонија’ според херојот на унионистите“.