Белград пак под маски

Од утре на подрачјето на градот Белград, ќе биде задолжително носење маски во сите затворени места, а не само во транспортот, дозволени ќе бидат собири до најмногу 200 лица, а новите мерки меѓу кои и одржување на социјална дистанца од најмалку еден метар ќе мора строго да се почитуваат и ќе има казни, дознаваат белградските медиуми.

Ова се одлуките донесени на седницата на Кризниот штаб на Владата на Србија, што се одржа поради влошување на епидемиолошката состојба во Србија.

За остатокот од територијата на Србија, важат препораките за носење заштитни мерки во транспортот и во затворен простор.