Белопета: Министерството за култура како да е во Бурунди

„Во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат, вели директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета во интервју за „Фактор“.

„На првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи“ вели Белопета..

Сега на Џез феситивало и Оф-фест од Министерството на чие чело е Асаф Адеми, му се доделуваат по 3 милиони денари, но според Белопета, со преполовени средства овие меѓународни манифестации можат да бидат само – локални фестивали.

SHARE