Илјадници демонстранти побараа укинување на мерките за борба против ширење на инфекцијата, како што се почитување на дистанца или носење маски на протест во Берлин.

Тие носеа транспаренти со пораки „Не носте маски“, “Ни ја украдовте слободата“„Најголемата теорија на заговор е корона-пандемијата“ или „Крајот на пандемијата е ден на слободата“,

Протестот беше прекинат откако полицијата поднесе тужба против организаторите за непочитување на епидемиолошките мерки.

Неколку политичари изразија револт поради недостаток на разбирање за одржување протести и укажаа на тековната неповолна епидемиолошка состојба во Германија.

“Илјадници ковид-идиоти слават во Берлин како пред втор бран: нема маски, без дистанца. Тие не само што го загрозуваат нашето здравје, туку и нашите успеси во борбата против пандемијата и на тој начин се борат против заживување на економијата, образованието и општо општеството“, изјави Саскија Ескен, претседател на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), преку Твитер.

SHARE