Беса Арифи: Амнестија за двотретинско мнозинство

„Јасно е дека целта заради која сега е донесен Закон за амнестија е поинаква од целта која Иванов сакаше да ја постигне со неговите озлогласени помилувања.

Целта на Законот за амнестија е да обезбеди двотретинско мнозинство за да поминат уставните амандмани од Договорот од Преспа. Целта на Иванов беше да се спасат од одговорност сите инволвирани во случаите на СЈО “ пишува Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа во нејзината колумна за НОВА ТВ, насловена „Висока политика“.

Викаат, целта ги оправдува средствата колку и да се тие нелегални и нелегитимни. Ако целта е легитимна тогаш средствата се оправдани, пишува Арифи и додава:

„Ако е тоа така, имам само една молба, не го викајте овој процес со возвишени именки како ‘простување’ или ‘помирување’.

Никој на никого не му простил ниту може да му прости такви работи. Никој со никого не се помирил за ова. Така што престанете со еуфемизми и нарекувајте ги работите такви какви што се.

Нарекувајте го овој процес, еве „висока политика“, таква политика на чиј висок алтар секогаш се жртвува најкапоцената работа, а тоа е правдата“.