Беса бара промена на имиња на училишта во Тетово

Медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово да се преименува во „Ферид Мурад“, гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во „Ѓон Бузуку“, земјоделското училиште „Моша Пијаде“ во „Реџеп Вока“, додека текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“ да се именува во „Хасан Тахсини“, бара Движењето Беса а за тоа ќе биде доставена иницијатива и до Советѕот на Општината.

„Овие предлози не се конечни. Ние сме подготвени да соработуваме со училишните одбори, советите на родителите и учениците како и со други политички партии кои се дел од општинскот совет во Тетово со цел да ја смениме оваа понижувачка реалност за нас како албанско мнозинство во општина Тетово. Доколку наидеме на опструкции и потешкотии Беса е подтговена да ги користи сите правни механизми вклучувајќи го и општинскиот рефередум, истакна Хатије Етеми на денешната прес-конференција, пренесе Прессинг.ТВ .

Според Беса апсурдно било училишта со над 80 % ученици Албанци да имаат имиња од, како што велат, времето на комунизмот.

SHARE