БЕСА и Алијанса на Албанците бараат предвремени избори

Движењето БЕСА и Алијанса за Албанците, по недобивањето датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, ја обвинуваат владата дека потфрлила и бараат да се оди на предвремени парламентарни избори.

„Причините за неуспехот им се многу добро јасни на граѓаните. Тие се во врска со неуспехот на власта СДСМ-ДУИ за да спроведат вистински реформи за враќање на правната држава, борба против корупцијата и департизација на јавната администрација. Овие неуспеси се потврдени во последниот Извештај за напредок на Европската комисија, каде се истакнува дека корупцијата во земјата е на загрижувачко ниво а судството и јавната администрација и понатаму се заробени од политиката“, велат од Алијанса за Албанците.

Кастриот Реџепи потпретседател на движењето БЕСА вели дека „…Македонија за жал не успеа да добие датум за почеток на преговорите  овој месец , но најспорен е фактот што се уште нема потврда дека годинава сигурно ќе добиеме датум за почеток на преговорите“, пренесува ТВ.21.

SHARE