Алијансата за Албанците до крајот на неделава да се изјасни за трипартиската коалиција, во спротивно, БЕСА ќе излезе со други опции, но најверојатно сама да оди на избори, изјавил висок функционер партијата Беса на Билал Касами за Плусинфо.

„Нивна беше идејата за трипартитна коалиција. Имаше понуда од Алијансата и толку. Досега нема никакви средби, ни разговори помеѓу двете паретии. Нема понуда, нема конкретни разговори ниту за изборната програма, ниту за изборниот настап на пратеничките листи“, изјавил функционерот од БЕСА.

Овој ултиматум од БЕСА, Аво Алтернатива го толкуваат дека партијата на Касами си создава алиби зошто нема да биде дел од коалицијата која „ќе ја урне владеачката ДУИ“.