БЕСА ќе бара државотворност за Албанците при уставните промени

Движењето БЕСА односно делот од него што е под контрола на Билал Касами ќе бара сериозни концесии за Албанците при гласање на договорот со Грција во Парламентот.

Ако во собранието се гласаат уставните амандмани за договорот со Грција движењето БЕСА на Касами кое што е надвор од владата а има двајца пратеници најавува дека ќе бара поголеми права за Албанците.

Партиски извори велат дека главен услов за поддршката на целиот пакет е во уставот покрај македонскиот и албанскиот народ да се води како државотворен. За ова решение имало низа примери во светот а ваквата разврска немало да биде на штета на Македонците, сметаа партиски извори.

На евентуални предвремени избори од Беса велат дека нема да коалицираат со СДСМ. Предходно коалиција со СДСМ отфрли и Зијадин Села со што опцијата на ДУИ за предизборна коалиција на СДСМ и сите албански партии за да се дојде до 80 пратеници и промена на уставот, паѓа во вода.