Крилото на БЕСА со кое предводи Биљал Касами ќе поднесе амандмани за унапредување на правата на Албанците, а во зависност од дебатата за нивните амандмани, ќе одлучат дали ќе поддржат усвојување на измените поврзани со договорот со Грција.

„Како политичка партија, навестивме дека ќе бидеме дел од процесот за донесување на уставните измени, а ќе интервенираме со уставни амандмани за унапредување на правата на Албанците. Не можеме да прифатиме, по 27 години, овие права да бидат за едни поубави времиња. Сметаме дека во овој момент се отвораат овие прашања, бидејќи ги засегаат Албанците. Треба овие прашања да се решат“, вели пратеникот Фадил Зендели.

Според него, еден од амандманите ќе биде употреба на албанскиот јазик на цела територија на Македонија, додека останатите не се готови, пренесува А1.Он.