БЕСА реагира на „роднинските“ вработувања

„Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери“ реагира Движењето БЕСА која реагира на овој вид непотизам и корупција.

Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа Влада да ги вработат нивните роднини во институциите каде што платите надминува два пати од минималната плата во земјата, а од друга страна секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните они вработуват свои членови на семејствата.,велат од партијата.

Од оваа партија бараат од институциите да се испитаат сите случаите на непотизам и да ги испитаат сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои, како што велат, фаворизираат одредени групи блиски до владините функционери, пренесува Макфакс.

SHARE

Оставете Коментар