Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, со неколку објави на Фејсбук се потсмева со санкциите на Европска унија кон Турција, на кои се приклучи и Македонија:

„Сме вовеле санкции кон Турција :)) Едино посмешно ќе е Црна Гора да ѝ објави војна на Кина“;

„Стварно, што санкции воведовме против Турција? Серииве ќе траат 3 минути пократко? Не смеат владините писари донер да купуваат повеќе? Баклавата нема да е изедена, типсијата нема да стоо? Ќе издржи ли Турција под нашите санкции? Ќе најде ли куртул некако после овој сериозен удар?!“;

„Фактички, ако јадете бурек, ја загрозувате европската иднина на Македонија!“.

SHARE