Адвокатот Александар Тортевски, смета дека рекетарската мрежа не би можела да биде изведена без амин од специјалната јавна обвинителка. Според него двајцата осомничени морале да имаат поддршка за да го изведат земањето поткуп од милиони евра.

„Мојата интуција ми вели дека Боки без јавување од Катица Јанева, не можел да го спроведе поткупот. За мене тоа е поткуп, а не рекет. Тој не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица.

Но, истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега е некоректен притисок кон обвинителите“, вели Тортевски за „Фокус“.

Според адвокатот, отежнителна околност за Јанева е тоа што е шефица на СЈО и со тоа сноси поголема одговорност.

SHARE