Бугарската Православна Црква нема да испрати архиереи за прославата nа 1.000 годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, одлучи денеска Светиот Синод, јави БГНЕС..
„По повод упатено писмо, . № 231 / 09.05.2018 година, пд Македонскиот архиепископ Стефан, со покана за претставници на БПЦ – БП да земат учество во свеченостите по повод 1.000 годишнината од создавањето на Охридската архиепископија, која ќе биде одбележана на 27 мај, …по устен извештај на Русенскиот митрополит Наум и по спроведени консултации, Св. Синод на БПЦ – БП не дава благослов претставници на БПЦ – БП да земат учество во свеченостите по повод 1000-годишнината од основањето на Охридската Архиепископија во Охрид , Република Македонија„”, се вели во решението  на Синодот.
Митропололитите со гласање 5 „за“ и 8 „против“ ја донесоа таквата одлука, пренесе агенцијата.

Нема информации зошто е донесена таква одлука.