Извори од Владата велат дека засега не можат да понудат законско решение за отштета на сите штедачи од Еуростандард банка, затоа што и странските претставници имале став дека државата не треба да се меша во бизнисот на приватна банка.

Денеска се одржа средба меѓу претставници на штедачите на Еуростандард банка и премиерот Зоран Заев, на која се разгледувале можните опциии.

Вчера штедачите за ТВ 24 тврдеа дека решение мора да се најде зошто во прашање се доведени над 2.000 компании и приватни коминтенти.

„Еуростандард банка“ е грабеж од 60 милиони евра што предизвикува колективна траума, во континуитет тврдат штедачите на банката за ТВ 24

SHARE