Без потпис на Иванов, преспанскиот нема правно дејство

Без указот на претседателот Иванов Договорот oд Преспа не може да има правно дејство, вели д-р Јован Донев, член на Советот за национална безбедност на Република Македонија за Pressing.Tv.

„Токму за тоа зборува Каменос, а верувам дека за ова добро се брифирани и грчките пратеници. Ова добро го знаат и во Европската комисија, но, сепак, најмногу штета од ваквата состојба име и ќе има Република Македонија. За жал состојбата е таква и не знам зошто Владата не собра сили за да го надмине овој проблем. Сепак, да почекаме и да видиме како ќе се гласа во грчкиот парламент и што потоа ќе следува“ – вели Донев.

Вчера, лидерот на „Неависни Грци“ и донеодамна коалиционен партнер на Ципрас, Паноц Каменос, го предупреди грчкиот претседател Павлопулос за ова.