Без публика и палењето на олимпискиот оган за ЛОИ 2020

Церемонијата на палење на олипискиот пламен за годинешните летни олимписки игри во Токио ќе се одржи денеска без присуство на јавноста.

Бројот на гости е ограничен на минимум поради епидемијата на коронавирус.

Откако ќе биде запален со помош на сончевите зраци на стадионот „Панатенаико“ во Атина, олимпискиот пламен ќе мине низ 31 града во Грција и ќе обиколи на 15 археолошки места.

Пламенот ќе помине 3.500 километри додека не пристигне Олимпискиот стадион во Атина следната недела, 19 март кога ќе бидер предаден на организаторите на Летните олимписки игри во Токио.

SHARE