„Министерот за одбрана“ Борко Ристовски, потоа Дејан Манасков и Гоце Георгиевски утре попладне нема да бидат во чартер-летот за Египет, каде што Македонија како прва резерва доби шанса за настап на местото на Чешка на 27. Светско првенство за ракометари.

Подмладениот состав на селекторот Данило Брестовац ќе го предводи капитенот Кирил Лазаров, а од искусните тука се и Стојанче Стоилов, Никола Митревски, Жарко Пешевски и Никола Маркоски, како и стандардните Филип Кузмановски и Филип Талески.

Меѓу 20. играчи има седум дебитанти на големите натпреварувања, и тоа Томовски, Даниловски, Димитриовски, Кузманоски, Костески, Д. Георгиевски и Младеновиќ, а во тимот се уште Поповски, Мишевски и Танкоски.

Македонија стартува в четврток против Шведска, на која ќе ѝ недостигаат деветмина стандардни репрезентативци.

SHARE