Би заменил две „нобелови“ за датум, вели Заев

Запрашан дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, откако беа предложени по усвојувањето на Преспанскиот договор, премиерот Зоран Заев вели дека датумот за преговори е поважен.

„Би заменил и две Нобелови награди за таа одлука на Европскиот Совет, за мене е огромна чест што сум номиниран, ние сме мала земја, но нашата награда е потврдата на нашата работа, и единствената потврда која значи во овој момент е одлуката на Европскиот Совет. Тоа е најдобрата награда. Ако добијам Нобелова, ќе му ја дадам на Европскиот Совет“,изјави Заев, за белгиски „Соар“.

SHARE