Скопје се обидува да ја принуди Европската комисија да ја прифати формулацијата за „македонскиот јазик“ во Докумернт кој се оденсува за статусот и контрола на бегалците со службата за безбедност на границите на Европската унија (ФРОНТЕКС).

„Тоа би било преседан“ пишува софиски „Труд“ од добро информирани извори.

По официјалната промена на името на државата во Република Северна Македонија, македонските власти бараат„чисто технички“ повторно да се потпише веќе постоечката спогодба, при што сакаат да вметнат клаузула дека текстот е потпишан на сите јазици на ЕУ и на „македонски јазик“.

Ова за Бугарија е апсолутно неприфатливо .

Според информациите од средбата до кои дошол „Труд“, претставникот на ЕК изјавил дека го разбира обидот на Скопје да направи правен преседан, инсистирајќи при потпишувањето на спогодбата да се вметне и јазична клаузула, што ќе го формулира „македонскиот јазик“.

Првичен предлог на ЕК бил текстот да го содржи изразот „потпишано од јазиците на соодветните страни“.

Од Скопје, меѓутоа, се спротивставиле дека тоа не е стандардна формулација за овој тип клаузули во спогодбите на ЕУ, што вообичаено се потпишуваат „на сите јазици на ЕУ“ и на конкретниот јазик на другата страна.

Бугарската страна инсистирала на тоа дека сите решенија за постигнување компромис во Софија ќе бидат разгледани на највисоко ниво и подвлекла дека Парламентот во Скопје во овој мандат го ратификувал Договорот меѓу Софија и Скопје во кој прашањето е решено со изразот дека тој е потпишан на „уставните јазици на двете држави“.

SHARE