Бил Гејтс пак „тежи“ 100 милијарди долари

Богатството на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, пак надмина 100 милијарди долари  и ова се случува за прв пат по 1999 година, објави магазинот Форбс.

Акциите на Мајкрософт достигнаа максимална вредност во четвртокот – 123,52 долари по акција, а од почетокот на неделава  вредноста на технолошкиот гигант се зголеми за 2%.

Според „ Форбс“ , богатството на Гејтс се проценува на 100,61 милијарди долари.

Во април 1999 година, во средината на бумот на акциите на технолошките компании, состојбата на милијардерот изнесуваше „само“ 100 милијарди долари.

Бил Гејтс останува втор на листата на најбогати луѓе во светот по сопственикот на Амазон, Џеф Безос, кој има 152,95 милијарди долари.