Биљали: Дипломати велат дека ДУИ е рак на државата

Универзитетскиот професор и советник на премиерот Зоран Заев, Мерсел Биљали вели дека ДУИ треба да замине во опозиција за општо добро, коментирајќи ги за ZHURNAL актуелните несогласувања меѓу владините коалициски партнери, во врска со неуспехот да му се одземе претничкиот имунитет, Трајко Вељаноски.

„Еден дипломат ми кажа дека ДУИ наликува на сатанистичка секта која постои само за себе, која крајно го осиромашува својот народ, кој веќе е принуден да го одалечи најболниот дел од семејството, своите деца.

Многу дипломати сега отворено велат дека ДУИ е рак на државата и на самите Албанци“ – вели Биљали и додава дека како што сега функционираат, не може да продолжи уште долго бидејќи ова директно води кон враќање на груевизмот на власт.

SHARE