“Биолошка бомба” отчукува среде Скопје (ФОТО)

Во локал во близина на локацијата позната како “Тобако 2” во скопски Аеродром отчукува “Биолошка бомба”, тврдат луѓе кои живеат во непосредна близина.

Одвреме навреме од затворена сендвичара доаѓа неподнослив мирис што се губи за кратко, велат очевидци кои гравитираат кон овој дел од Скопје.

Според нив сендвичарата која на моменти шири неподнослива реа е затворена десетина дена. Смрдеата наликува на таа што се шири од умртвено животно.

Експерти за биолошки супстанци и аерозагадување велат дека доколку навреме не се реагира и мирисот кој најверојатно може да е од расипано месо се прошири, може да биде опасност за локалното население.

Граѓани велат дека пред неколку дена се јавувале во општината Аеродром но од таму им рекле дека тие не се одговорни за смрдеата и дека граѓаните треба да се јават во министерството за здравство.

Пред десетина месеци на друга локација во населбата Аердром интервенираше противпожарната бригада откако страшен мирис за кој се испостави дека се пелени за деца.

SHARE