Евергринот на Гоце Николовски од почетокот на 1990-тите, „Бисер балкански“, во изведба на македонските одбојкари на теренот во салата „Стожице“ стана хит на Европското првенство во Словенија.

Втора вечер едноподруго новите спортски херои на Македонија ја пееја својата „химна“ додека виеја македонско оро во спортскиот храм во Љубљана, овојпат славејќи триумф над домаќинот и кандидат за медал.

31. ЕП е во знакот на црвено-жолтата боја благодарејќи на величествениот настап на одбојкарската репрезентација на Македонија, која е на прагот на осминафиналето во дебито на континенталниот собир.

SHARE