Претседателот на Регулаторна комисија бил член на партиските тела на СДСМ и не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Марко Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско–Социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви. Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. Марко Бислимовски е функционер во политичка партија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ како што пренесува Плусинфо.


SHARE