Битка на кодови: Заев и Димитров ја губат битката (ФОТО)

Откако минатата недела на самитот на НАТО Македонија во планот за седење на шефовите и држави и влади на членките на алијансата Македонија беше заведена како НОМ (NOM) нов скандал од ист тип во Брисел на кој присуствува министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Наместо НОМ денеска на средбата на министерот Димитров со своите европски колеги во организација на грчкиот министер Дендиас сме прикажани како НМ (NM).

Од Владата и од министерството за надворешни работи нема објаснување ниту за користрење на кратенката НОМ ниту за НМ иако Димитров како и неговиот шеф во владата Заев тврдеа дека Македонија со договорот од Преспа договорила секаде да се користи меѓународниот код МК или МКД.

Отиде и кодот МК – која земја ја претставува Заев на НАТО?

SHARE