Сите 5.800 вработени во битолската фабрика за автомобилски делови  „Кромберг и Шуберт“ во наредните 2 до 4 недели заминуваат на колективен одмор, поради откажани нарачки од клиентите.

Ова официјално го потврдија од најголемата странска инвестиција во ИЗ„ Жабени“ во Битола, за „Телма“.

Оваа германска инвестиција беше отворена во 2013 година, а од тогаш до крајот на 2019 имаше над 6000 вработени, со што фабриката  е најголемиот работодавач во Регионот.

SHARE