Битола се пофали со инфраструктурен проект “Шахта – сливник”

По промоција на канти за ѓубре, менување на сијалици и боење пешачки премини Македонија, односно општина Битола може да се пофали со уште еден “голем инфраструктурен проект” меѓу народот познат како шахта или сливник.

“По барање на граѓаните од ул.„Срем“, решен е проблемот со атмосферските води со поставување на нов сливник. Извршено е и порамнување на пристапниот пат кон улица Едвард Кардељ“, соопштијата од ЈП „Нискогардба“ пренесува битолска ТВ Тера.

Јавното претпријатие не открива колку чини овој проект.

Линк до информацијата на новинарот на ТВ Тера Стево Башуровски овде

SHARE