Бизнис

Позната македонска компанија го смени името, квалитетот останува ист

Промената на називот не влијае на важечките договори, договорените комерцијални услови, цените, ниту врз континуитетот и квалитетот на услугите

Компанијата “Мако Маркет доо Скопје“ го промени официјалниот назив на друштвото во “Агна доо Скопје“, чекор со кој официјално стана дел od групацијата “Агна Груп“ (www.agnagroup.com).

Административно, согласно одредбите од Законот за трговските друштва на Република Македонија, спроведена е единствено промена на називот на друштвото, додека адресата на седиштето, како и матичниот и даночниот број остануваат исти, непроменети.

Наведената промена на официјалниот назив на Друштвото не влијае на важечките договори, договорените комерцијални услови, цените, ниту врз континуитетот и квалитетот на услугите, информираат од компанијата.

“Агна доо Скопје“ продолжува со деловното работење и оперативните активности од областа на производство на прехранбени производи за македонскиот и интернационалните пазари, како и со дистрибуција на повеќе категории производи, наменети за домашниот пазар.

Компанијата извезува во 21 земја биз светот

Најнови вести од: Бизнис

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

To top