Бизнис

(Фото): Граѓаните и стопанството должат 9,35 милијарди евра, покажуваат податоците на Народна банка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Се изедначи долгот во кредити на граѓаните и компаниите. Заедно тие во банките должат вкупно  9,35 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,655 милијарди евра, а компаниите е 4,659 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка.

Само во април вкупниот долг на компаниите и граѓаните се зголемил за 1%. На годишно ниво, пак , забележан е вкупен раст од 13,3%, со тоа што кај компаниите растот е од 15% , а кај домаќинствата од 11,9%.

Граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити. Во април  во однос на претходниот месеца потрошувачките кредити пораснале за 1,2% , а станбените за 1,3%. На годишно ниво растот е од 11,2% односно од 16,2%.

Овој месец, автомобилските кредити остварија раст од 1,1% на месечна  и од 4,9% на  годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечно  намалување од  0,5% и годишен пад од 4,6%.

Негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 6,3% во април, во услови на годишен раст од 3,7%.

Во април, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,4% на месечна и од 11,2% на годишна основа.

Компаниите и граѓаните во април во банките имале депозити во вкупен износ од 10,66 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,33 милијарди евра.

Според податоците на Народна банка вкупните депозити во април се намалени за 1,4% на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор од 9,1%, додека депозитите на секторот „домаќинства“ остварија раст од 1,6%.

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 6,0%, додека кај домаќинствата депозитите пораснале за 10,5%.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top