Бизнис

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот Македонско – Турски Бизнис форум

Форумот, кој денеска се одржа во Истанбул, ги обедини владините претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, а преку Б2Б средбите отвори нови можности за партнерства, инвестиции и продлабочување на економската соработка

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот Македонско – Турски Бизнис форум.

Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на Бизнис форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул.

Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис заедниците од двете земји, со цел продлабочување на економските односи и поттикнување нови партнерства меѓу македонските и турските компании. Дел од македонската делегација беше и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Форумот беше отворен со обраќања на претставници на DEİK – Советот за надворешни економски односи и УНДП, по што пред присутните се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. Во своите обраќања тие ја нагласија важноста од натамошно јакнење на економските врски меѓу Македонија и Турција, како и потребата од создавање нови можности за инвестиции и деловна соработка.

Во рамки на панел-дискусиите, посветени на трговијата, индустријата, енергетиката, инфраструктурата и логистиката, посебен акцент беше ставен на регионалното поврзување и улогата на слободните економски зони во привлекувањето нови инвестиции.

Во таа насока, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, ја имаше улогата на модератор на втората панел-сесија, на која учествуваа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, извршниот директор на TAV Airports, Серкан Каптан, генералната директорка на турските слободни економски зони, Емел Емирлиоглу и министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција, Абдулкадир Уралоглу.

Панелот беше оценет како значаен придонес кон унапредување на дијалогот за инфраструктурно и економско поврзување меѓу двете земји. Размената на ставови отвори дополнителни можности за соработка во клучни сектори од заемен интерес.

Во рамки на форумот беше презентирана и Мапата за инвестирање во Македонија, која ја претстави советникот на претседателот на Владата и поранешен вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. Мапата нуди сеопфатен преглед на инвестициските потенцијали, развојните зони и можностите за вложување во земјата, со цел нивна промоција пред странските инвеститори.

Во завршниот дел од форумот се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, кои ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестиции меѓу двете земји.

По официјалниот дел следуваше Б2Б средба меѓу македонски и турски компании, на која беа остварени директни контакти и разговори за идни партнерства и нови инвестициски проекти.

Бизнис форумот уште еднаш ја потврди силната економска поврзаност меѓу Македонија и Турција, како и заедничката определба за унапредување на економските односи и поттикнување одржлив економски развој.

Форумот беше организиран во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во соработка со УНДП.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top