Бизнис

Анѓушев за BLOOMBERG: Македонија може да ја складира евтината струја во батерии да ја извезува кога цените се повисоки

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина, а да ја користи или извезува во часовите кога цените се повисоки. На тој начин земјата може подобро да го искористи сопственото производство на електрична енергија, но и можностите што ги нуди регионалниот пазар.

Ова го истакнува проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик на ФЕРОИНВЕСТ и претседател на Македонската енергетска асоцијација, во одговор на прашања на Bloomberg Adria за развојот и перспективите на батериските системи во Македонија.

Како пример Анѓушев ја посочува Бугарија, која во изминатиот период значително ги зголеми капацитетите за складирање електрична енергија. Батериските системи ѝ овозможуваат во дневните часови, кога електричната енергија е евтина, да купува струја од соседните земји, да ја складира, а во вечерните часови да ја продава по повисоки цени.

„Бугарија многу добро постапи во тој дел и има сериозни финансиски бенефити. Македонија може истото да го направи, треба да ја види оваа шанса, да не ја испушти и брзо да направи интервенција во овој дел“, вели проф.д-р Анѓушев.

Потребата од батериски системи дополнително се зголемува со растот на производството од фотоволтаични електрани. Во часовите кога тие произведуваат најмногу електрична енергија, на пазарот има големи вишоци и цените се ниски. Наместо електричната енергија да се продава во тој момент по ниска цена, батериските системи овозможуваат таа да се складира и да се пласира подоцна, кога побарувачката и цените се повисоки.

Според Анѓушев, користа од батериските системи не е само за инвеститорите во обновливи извори. Државата исто така има значаен интерес од нивното побрзо инсталирање, бидејќи батериите придонесуваат за подобро балансирање на електроенергетскиот систем и ги намалуваат трошоците што произлегуваат од потребата за негово балансирање, одговара Анѓушев на прашањата на Bloomberg Adria.

Воедно, складирањето овозможува подобро искористување на електричната енергија произведена во земјата. Наместо вишоците да се продаваат во периоди на ниски цени, а подоцна, кога струјата е скапа, да се увезува електрична енергија, дел од домашното производство може да се складира и да се користи кога е најпотребно или да се извезува кога пазарните услови се поповолни.

Еден од главните проблеми што во моментов го забавуваат инвестирањето во батериски системи, според Анѓушев, се административните процедури, кои траат најмалку една година, а во одредени случаи и година и половина.

Тој го оценува како позитивно решението батериските системи што се поставуваат кај постојните фотоволтаични електрани да се третираат како опрема за која не е потребно одобрение за градба, но посочува дека обврската проектите да бидат вклучени во годишниот енергетски план сепак ја продолжува постапката.

Македонската енергетска асоцијација предложила со измените на Законот за енергетика постојните фотоволтаични електрани што инсталираат батерии да бидат ослободени од оваа обврска, со што значително би се забрзала реализацијата на инвестициите.

Анѓушев смета дека треба да се размислува и за систем на стимулации за инсталирање батериски системи, затоа што придобивките од нив се пошироки од интересот на поединечните инвеститори.

„Би било паметно да се воспостави некаков систем на стимулација за луѓето да ги поставуваат овие батерии, да им се овозможи да имаат што е можно полесни административни процедури бидејќи не е тоа интерес само на инвеститорите, тоа е поширок интерес за целокупната економија, а и технички интерес на преносниот систем на државата“, заклучува Анѓушев за Bloomberg Adria.

Извор: https://mk.bloombergadria.com/green/zelena-tehnologija/111661/nema-zelena-tranzicija-bez-zabrzni-investicii-vo-baterii-za-skladiranje-struja/news?share_token=lnzpG3nIbBA2zm4CnAu5bkclOv3Df67A

 

 

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

To top